Топ Тренд

Скапите билети го прават своето, полупразни трибини на мечот Чешка – Јужна Кореја

Скапите билети го прават своето, полупразни трибини на мечот Чешка – Јужна Кореја

На вториот меч од Светското првенство во фудбал видовме многу испразните места, дуелот меѓу Јужна Кореја и Чешка не се продаде во максимален капацитет.

Се чини дека високите цени на билетите почнуваат да имаат влијание. На стадионот „Акрон“ во Гвадалахара, публика имаше очајно малку за натпревар од Светско првенство. Дури и со голо око, можеа да се видат многу празни седишта од телевизискиот пренос. Стадионот собира околу 50 илјади гледачи, но сигурно имаше многу помалку навивачи на двете репрезентации кои го следеа натпреварот во живо.

Можеби не играа Меси и Мбапе, но сепак бројката на гледачи е многу мала. Останува надежта дека ова ќе биде изолиран инцидент, а не тренд што ќе го има и на следните натпревари од Светското првенство.

Организаторот постојано е мета на критики поради прескапите цени на влезници.