Скандалозен инцидент беше забележан во Казахстан каде што одбојкарскиот тренер на академијата, Шимкен, Хамит Мирзабеков физички нападна малолетна ракометарка.
На снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види како Мирзабеков ја повикува одбојкарката со број девет и силно ја удира по главата.
Настанот се случил во текот на вчерашниот ден, а во натпреварот учествувале девојчиња родени 2009 година или помали. Поради инцидентот експресно реагираше и националната федерација на Казахстан која му изрече двегодишна суспензија, освен тоа истрага била отворена и од полицијата.