Реклама
Arena Sport
Тенис

Синер по пет месеци се враќа на терените, ќе игра за милиони, но и рекет од чисто злато

Синер по пет месеци се враќа на терените, ќе игра за милиони, но и рекет од чисто злато

Првиот тенисер во светот, Јаник Синер, се враќа на терените кон крајот на декември на егзибицискиот турнир во Ријад, иако претходно ја прекина сезоната поради повреда на коленото.

Организаторот на турнирот, Турки Алалших, објави дека Италијанецот е меѓу учесниците, а Синер ја сподели таа објава на Инстаграм со што практично го потврди своето учество.ж

Реклама
Arena Sport

Турнирот првично требаше да се одржи од 21 до 24 октомври, но поради безбедносните тензии во регионот беше презакажан за периодот од 27 до 30 декември. Новиот термин му овозможи на Синер да настапи, откако во првичниот состав требаше да го замени Американецот Лернер Тиен.

Покрај Синер, во Ријад ќе настапат Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Ѓоковиќ и Алкарас директно се пласирани во полуфиналето, додека за преостанатите две места ќе се борат Зверев и Фриц, односно Синер и Де Минор.

Синер нема настапувано од Вимблдон во јули и поради проблеми со десното колено го пропушти Отвореното првенство на САД, а одлучи да ги прескокне и завршниот АТП-турнир и Дејвис купот.

Турнирот во Саудиска Арабија нуди богати парични награди. Секој учесник добива околу 1,3 милиони евра само за учеството, додека победникот ќе инкасира дополнителни 3,9 милиони евра, а ќе добие и рекет изработен од 24-каратно злато. Италијанецот ги освои двете досегашни изданија на турнирот, при што во двете финалиња го победи Алкараз.

Ријад ќе му послужи како последна проверка пред почетокот на новата сезона, која стартува во Австралија. Австралија опен ќе се игра од 17 до 31 јануари.

Реклама
Arena Sport