Јаник Синер ги извести фановите дека нема да настапува до крајот на годината, Италијанецот нема да биде дел од Мастерсот во Шангај.
Тој се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека уште не се опоравил од повредата.
„За жал, нема да играм во Шангај, иако се надевав дека ќе можам. Секогаш уживам да се натпреварувам пред одличните навивачи во Кина, но следната недела нема да бидам таму. Ви благодарам на сите за поддршката и се надевам дека ќе се видиме следната година“, напиша Синер.
Италијанските медиуми пишуваат дека Синер има сериозни проблеми со повредата и никако не успева да ја санира.
Последен пат оваа година играше во финалето на Вимблдон кога го победи Александар Зверев и ја одбрани титулата.