Тенис

Синер го победи Зверев и го одбрани трофејот на Вимблдон!

Синер го победи Зверев и го одбрани трофејот на Вимблдон!

Јаник Синер втора година во низа го освои трофејот на Вимблдон. Италијанецот ја одбрани титулата на тревата во Лондон, откако во финалето го совлада Александер Зверев со 3-1 во сетови по речиси четиричасовна битка.

Германецот подобро го отвори мечот и по тај-брејк го освои првиот сет (9-7), но тоа не го поколеба светскиот рекет број еден. Синер возврати со убедлив тај-брејк во вториот сет (7-2), а потоа со по еден брејк во третиот и четвртиот сет (6-3 и 6-4) го комплетираше пресвртот за нов грен слем трофеј.

За Синер ова е петта титула на турнирите од големата четворка и втора победа над Зверев во грен слем финале, откако претходно го совлада и во мечот за трофејот на Австралија опен.

Италијанецот со ова само ја потврди доминацијата во светскиот тенис, бранејќи ги и поените на врвот на АТП ранг-листата.