Невреме ја зафати Велика Британија и предизвика големи проблеми во светот на фудбалот, затоа што поради силниот дожд и ветар под закана се неколку натпревари од Премиерлигата.
Бурата донесе обилни дождови и силни ветрови, поради што се зголеми загриженоста за безбедноста на навивачите, фудбалерите и останатите службени лица, па поради тоа надлежните внимателно ја следат состојбата.
Под закана во моментов се натпреварите меѓу Хал и Брентфорд, Ливерпул и Брајтон, Манчестер јунајтед и Борнмут, како и Сандерленд и Лидс кои се на програмата в недела, 25 октомври.
Најлошо време се прогнозира за Сандерленд, каде што брзината на ветрот ќе достигне до 70 км/ч.