Фудбал

Силекс сака да ја искористи кризата кај Шкендија (А) за нов триумф во Првата лига!

Силекс сака да ја искористи кризата кај Шкендија (А) за нов триумф во Првата лига!

Фудбалерите на Силекс и Шкендија Арачиново денеска од 14 часот во Кратово ќе го отворат 11. коло од македонската Прва лига.

Силекс во минатото коло славеше со 3-0 против Башкими, а со тоа стави крај на црната серија која траеше два месеци. Кратовчани немаа триумф уште од 15 август, но сега сакаат да влезат во победнички ритам.

Пред екипата од Кратово е нов предизвик, а тоа е тимот на Шкендија Арачиново која влезе во мала криза и запиша два порази и едно реми на последните три натпревари во македонската елита.

По 10 одиграни кола, Силекс е на шестата позиција со 13 бодови, додека Шкендија Арачиново е на петтото место и има еден поен повеќе од ривалот.