Силекс во четврток го игра реванш натпреварот против Динамо Минск во рамките од првото квалификациско коло во Конференциската лига, билети за мечот веќе нема.
Кратовскиот клуб информираше дека мечот е целосно распродаден. Клубот им се заблагодари на фановите за поддршката.
Натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск се игра на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошвески“ во Скопје.
Силекс има предност од 1-0 по првиот натпревар.
Натпреварот почнува од 20 часот, а оние кои не обезбедија билет ќе можат да го гледаат на Арена Македонија.