Новиот тренер на Коринтијанс, Кларенс Сидорф, на прес-конференција одговори на критиките и незадоволството поради лошите резултати на тимот.
Тој порача дека фудбалот треба да се гледа во поширок контекст на она што се случува во светот.
„Зборуваме за фудбал, ова не е војна. Светот минува низ многу комплициран период. Затоа сакам да внесам и малку рамнотежа во овој момент на криза во клубот. Луѓето во светот минуваат низ кризи, во тек е геноцид, и покрај сè останато, не можам да бидам толку загрижен колку што се луѓето кои страдаат од војната“, изјави Сидорф.
Тој додаде дека сите што работат во фудбалот треба да бидат свесни колку се привилегирани.
„Кога зборуваме за фудбалот, луѓето треба да разберат дека сите ние сме привилегирани затоа што сме тука и разговараме за фудбал. Ја имаме таа привилегија. Зборуваме за страст што ја споделува целиот свет“, истакна поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид.
На истата прес-конференција, Сидорф ги отфрли и критиките дека му недостига тренерско искуство, додавајќи дека играчите одлично го прифатиле во соблекувалната.
Коринтијанс го претстави Сидорф на 11 октомври како наследник на отпуштениот Фернандо Диниз. Тој потпиша договор до крајот на 2027 година. Претходно, како тренер ги предводеше Милан, Депортиво Ла Коруња и репрезентацијата на Камерун.