Реал Мадрид сè уште е во раната фаза од вториот мандат на Жозе Мурињо, но веќе се појавија шпекулации за негов можен наследник. Според информациите што ги пренесува „Радио Марка“, Дидие Дешам е главен кандидат за кормилото на „кралевите“.
Дешам ја напушти селекторската функција во Франција по завршувањето на Светското првенство во 2026 година, по 14 години на чело на националниот тим. Најголемиот успех го оствари во 2018 година, кога Франција стана светски шампион.
Засега нема официјална потврда дека Реал започнал преговори со францускиот стратег, но и покрај тоа се зголемува притисокот врз Мурињо кој мора да ги поправи резултатите и играта на неговиот клуб.
„Кралевите“ во пресрет на деветтото коло се наоѓаат на четвртата позиција во Ла Лига со 18 бодови, односно девет поени помалку од лидерот Барселона.