Фудбал

Се смири драмата на „Олд Трафорд“: Мартинез се извини за нападот кон раководството!

Се смири драмата на „Олд Трафорд“: Мартинез се извини за нападот кон раководството!

Дефанзивецот Лисандро Мартинез упати јавно извинување по критиките кон раководството на Манчестер Јунајтед, кои ги кажа по поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Аргентинскиот дефанзивец претходно изрази незадоволство од начинот на кој клубот го засили тимот во летниот преоден рок, посочувајќи го и директорот за фудбал, Џејсон Вилкокс.

Сепак, по разговорот со тренерот Мајкл Керик и челниците на клубот, фудбалерот се огласи преку социјалните мрежи и призна дека фрустрацијата по поразот влијаела врз неговите реакции.

„Фрустрацијата од поразот ме натера да го искажам тоа што го чувствував во момент со зборови кои можеби не беа соодветни и поради тоа сакам да се извинам“, кажа Мартинез.

Медиумите во Англија објавија дека Јунајтед го казнил дефанзивецот, но засега не е познато каква санкција му била изречена на Аргентинецот.