Кошарка

Се случи најголемиот потпис во Евролигата: Валанчијунас после 14 години се врати во Европа

Се случи најголемиот потпис во Евролигата: Валанчијунас после 14 години се врати во Европа

Легендарниот литвански центар потпиша за Жалгирис

Се оствари она кое со денови се шпекулираше во кошаркарските кругови. Легендарниот литвански центар Јонас Валанчијунас повторно ќе игра во Европа. Откако го напушти Денвер, искусниот кошаркар се одлучи да се врати во својата татковина, и да потпише за Жалгирис Каунас.

Раководството на клубот објави дека потпишале двегодишен договор со кошаркарот, со важност до 2028 година. Со овој потпис, литванскиот клуб стави крај на преодниот рок, и го комплетираше ростерот за идната сезона во Евролигата.

Според информациите, тој ќе заработува околу 5 милиони евра, што е најголем договор во историјата на клубот.

Литванскиот кошаркар минатата сезона во НБА одигра 65 меча за Денвер, со просек од 8,7 поени, 5,1 скокови и 1,2 асистенции.