Фудбал

Се очекува бурно трансфер лето: Олисе сака во Реал Мадрид

Се очекува бурно трансфер лето: Олисе сака во Реал Мадрид

Французинот би можел да биде „бомбата“ во овој трансфер преоден рок

Ниту 24 часа не поминаа откако Франција беше елиминирана од Мундијалот во полуфиналето од Шпанија, ексклузивна информација носат медиумите во оваа земја за крилниот фудбалер Мајкл Олисе.

Можеби и Килијан Мбапе одиграл важна улога во убедувањето на Олисе да го прифати повикот од „Сантијаго Бернабеу“. Французинот ќе треба да има состанок со челниците на Баерн Минхен околу неговата иднина, но растат шансите тој да си замине и да се приклучи на „кралскиот клуб“.

Пред неколку месеци претседателот на Баерн, Херберт Хајнер истакна дека доколку Реал го сака нивниот фудбалер, треба да испрати понуда, нешто кое не се случило барем до тогаш.

Олисе имаше импресивна сезона во дресот на Баерн, со 52 меча, 22 гола и дури 31 асистенција. До вчера можеше да се пофали со квалитетен Мундијал, но Шпанците го оставија изолиран и целосно „исчезна“ покрај Мбапе и Дембеле.