Кошарка

Се огласија од КК Маџари: Подмирени се финансиските обврски

Се огласија од КК Маџари: Подмирени се финансиските обврски

Од таборот на вицепрвакот се огласија по повод соопштението на КФМ за лиценците.

Од кошаркарскиот клуб Маџари реагираат на објавата на Кошкарската федерација на Македонија, дека клубот нема да добие лиценца за настап во Супер лигата поради неподмирување на финансиските обрски.

Од КК Маџари соопштија дека денеска клубот ги подмирил сите обврски, и не сака да верува дека времето и начинот на објава не се тенденциозни, со оглед дека тимот очекува официјална информација околу настапот во АБА 2 лигата.

„Во врска со денешната објава на КФСМ, во која КК Маџари е наведен меѓу клубовите кои, поради неплатени обврски, немаат право на лиценца за натпреварувачката сезона 2026/2027, ја информираме јавноста дека денес КК Маџари во целост ги подмири сите свои финансиски обврски.

Задоцнувањето во подмирувањето на обврските беше резултат на технички проблем со службениот e-mail на клубот, како и периодот на летни одмори, што предизвика доцнење во комуникацијата и реализацијата на плаќањата.

Воедно, сакаме да истакнеме дека ова соопштение од КФСМ доаѓа во исклучително неблагодарен момент за нашиот клуб. Имено, токму денес очекуваме официјална информација во врска со нашата апликација за учество во АБА2 лигата, процес за кој КФСМ е целосно запознаена и информирана.

Искрено веруваме дека времето и начинот на објавување на оваа информација не се тенденциозни и дека на сите нас, без исклучок, ни е заеднички интерес развојот и афирмацијата на македонската кошарка. Убедени сме дека секое меѓународно учество на македонски клуб претставува придобивка за македонскиот спорт и дека сите посакуваме Македонија да има уште еден достоен претставник во АБА2 лигата.

КК Маџари и понатаму ќе работи транспарентно, одговорно и во интерес на клубот, неговите членови и македонската кошарка“, стои во објавата на КК Маџари.