Финалето од Светското првенство беше во фокусот на сите фудбалски фанови, а на неколку часа пред почетокот, Кристијано Роналдо објави видео со кое привлече внимание.
Додека вниманието на фудбалската јавност беше кон финалето меѓу Шпанија и Аргентина, на социјалните мрежи се огласи Роналдо.
Тој сподели момент од неговиот луксузен начин на живот, покажувајќи како го поминува времето далеку од тензијата која ја носи најголемиот натпревар во фудбалот.
Додека неговите колеги се бореа за шампионската титула, Роналдо и Георгина пливаа во домашниот базен.
Неговата објава предизвика многу реакции на социјалните мрежи. Дел од нив сметаа дека Роналдо намерно се обидува да го одвлече вниманието од финалето бидејќи тешко прифаќа дека не е во центарот на случувањата, додека неговите фанови сметаат дека Португалецот одамна веќе глобален бренд, па секоја негова објави наидува на реакции, понекогаш и пренагласени.
Едно е сигурно, дури и кога не е на теренот, Роналдо успева да го привлече вниманието на светските медиуми.