Фудбал

Серхио Рамос се враќа во Ла Лига и тоа во клуб од Мадрид!

Серхио Рамос се враќа во Ла Лига и тоа во клуб од Мадрид!

Легендарниот дефанзивец, Серхио Рамос е пред враќање во Ла Лига, се шпекулира дека наскоро ќе потпише за Хетафе.

Малиот клуб од Мадрид е во центарот на вниманието, најпрво поради ангажманот на Дани Карвахал, а сега и за можниот трансфер на Серхио Рамос.

Иако во март Рамос направи 40 години, тој не планира да се откаже од активното играње на фудбал.

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес, потврди дека Рамос е на списокот од фудбалери кои би можеле да го засилат тимот во текот на сезоната.

Рамос последно играше во Монтереј, а оттогаш е без клуб. Фактот што тој е слободен играч го прави полесен за потпис со Хетафе.