Фудбал

Серафимов по повредата која изгледаше страшно: За среќа, минав без сериозни последици!

Серафимов по повредата која изгледаше страшно: За среќа, минав без сериозни последици!

Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов ја повреди раката за време на вчерашниот меч меѓу Левски и Славија Софија, мораше предвреме да го напушти натпреварот.

На теренот изгледаше лошо, ситуацијата бараше итна хоспитализација и се чинеше дека повредата е многу сериозна. Но, Серафимов има оптимистички вести.

„За среќа, сè помина добро и без сериозни последици, иако на прв поглед изгледаше страшно. Ви благодарам на сите за пораките и поддршката. Се надевам дека ќе ве видам повторно на теренот што е можно поскоро“, порача Серафимов.

Засега е нејасно колку време Серафимов ќе биде надвор од теренот и дали е загрозен неговиот настап на натпреварите од Лигата на нации.