Фудбал

Сензација од Италија: Роналдињо на 46 години се враќа на фудбалот!

Сензација од Италија: Роналдињо на 46 години се враќа на фудбалот!

Фудбалскиот свет e во шок по најавата за кам-бек на легендарниот Роналдињо кој повторно ќе облече копачки и ќе се врати на фудбалот.

Според повеќе италијански извори, бразилскиот ас постигнал договор со италијанска Равена од Серија Ц и на 46-годишна возраст повторно ќе истрча на теренот во официјални натпревари.

Роналдињо ја заврши професионалната кариера пред повеќе од една деценија, а последен клуб за кој настапуваше беше Флуминенсе во 2015 година. Сепак, неговата љубов кон фудбалот очигледно не згаснала, па сега е подготвен за нов предизвик во Италија.

Бразилецот зад себе има една од најбогатите кариери во модерниот фудбал. Настапуваше за Гремио, Пари Сен Жермен, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро, а со репрезентацијата на Бразил ја освои светската титула во 2002 година. Најголемите успеси ги оствари во дресот на Барселона, каде што беше лидер на тимот и двапати ја освои „Златната топка“.