Белгија му врачи отказ на Руди Гарсија по елиминацијата во 1/4 финалето на Светското првенство.
Репрезентацијата на Белгија остана без селектор, откако ден по финалето на Мундијалот му врачи отказ на францускиот тренер Руди Гарсија.
Гарсија дојде на клупата на Белгијците во 2025 година, и успеа да ја однесе селекцијата на Мундијалот низ квалификации. Во групата беше заедно со Македонија, каде што Белгијците во два меча не успеаја да ја победат нашата селекција, но на крајот завршија како првопласирани на групата.
Белгија на Мундијалот беше елиминирана во 1/4 финалето од Шпанија дури по продолежнијата. Иако Шпанија стана светски првак, сепак, челниците на белгиската федерација не беа убедени дека ќе треба да остане на клупата.