Вечерва за првпат во Лондон се одржува церемонијата за „Златната топка“, а една од првите награди кои беше доделна е и за тренер на годината.
Наградата ја додели легендарниот Рафа Бенитез и таа заврши во рацете на Луис Де Ла Фуенте. Искусниот шпански стратег до признанието стигна благодарение на освоеното Светско првенство ова лето со репрезентацијата на Шпанија каде што во финалето славеа против селекцијата на Аргентина.
Претходно беше избран и најдобриот тренер во женска конкуренција и тоа беше Пере Ромеу кој од 2024 година ја предводи женската екипа на Барселона и има договор до 2028 година.