Фудбал

Селекторот на Гана: Работи ли ВАР на СП? Мислев дека се на кафе кога требаше да свирнат пенал…

Селекторот на Гана: Работи ли ВАР на СП? Мислев дека се на кафе кога требаше да свирнат пенал…

Ремито против Англија не остави добар впечаток кај селекторот на Гана, Карлос Кеироз, кој по натпреварот најмногу зборуваше за спорната ситуација во противничкиот шеснаесетник.

Ганците сметаат дека биле оштетени во второто полувреме кога Принс Аду беше запрен од Езри Конса, но арбитрите не досудија пенал. Токму таа одлука беше во центарот на вниманието по последниот судиски свиреж.

Кеироз не го криеше разочарувањето и испрати иронична порака кон ВАР-судиите, оценувајќи дека неговата селекција останала без чиста можност да дојде до победа.

Не сум сигурен, дали ВАР работи на Светското првенство? Имам свој став за тоа. Мислам дека тоа беше чист пенал за Гана против Англија. Со нашите шанси во вториот дел, на крајот треба да бидат среќни за бодот и за тоа што ВАР-судиите беа на кафе. Нормално е, и јас сакам од време на време да си одморам со кафе. Немам сомнеж, ова за мене е чист пенал и црвен картон. На крајот, резултатот е фер. Повеќе ја имаа топката, имавме и ние свои шанси, па на крајот треба да сме задоволни со резултатот“, порача Кеироз.

Иако смета дека неговиот тим бил оштетен, португалскиот стратег оцени дека нерешениот резултат не е незаслужен. По две кола во групата, Англија и Гана имаат по четири бода и остануваат во добра позиција пред последните натпревари од групната фаза.