Дури 15 репрезентации останаа без предводник за време или после Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Најавеното заминување на Французинот Дидие Дешам, светски шампион како играч во 1998 година и селектор во 2018 година, го зголеми на 15 бројот на селектори кои, од различни причини, нема да продолжат да ги водат репрезентациите со кои го започнаа Светското првенство .
Дешам се збогува после 14 години минати на клупата на Франција. Си заминува со пораз од 6-4 од Англија во мечот за третото место. Французите губеа 4-0 на полувреме, но стигнаа до 4-3, а потоа и до 5-4, и беа блиску до сензација, но не успеаја.
Серијата тренери кои ги напуштија своите позиции за време на Светското првенство ја отвори Французинот со туниско потекло Сабри Ламуши, кој беше отпуштен по првиот натпревар од првенството, по поразот на Тунис од Шведска со 5-1.
Потоа без селектор останаа и Чешка, Шкотска, Јужна Кореја, Уругвај кои не ја минаа групата. Селекторот на Еквадор си поденсе оставка, па Куман од Холандија, Нагелсман од Германија, Мексиканецот Хавиер Агире, Кеироз си замина од Гана, Роберто Мартинез поднесе оставка од селекцијата на Португалија.
Јордан му го раскина договорот на селекторот Селами, додека Далиќ ја напушти Хрватска, односно не го продолжи договорот со оваа селекција. Селекторот на Сенегал, Папе Тиау беше отпуштен откако загуби од Белгија.
Но, можно е и Белгија да остане без селектор по неуспехот на својата селекција, Руди Гарсија е под се пожесток притисок од јавноста.