Играчот на Црвена Звезда ќе биде дел од националниот тим за Лигата на Нации, во почетокот на подмладувањето на националниот тим кој го најави селекторот Седлоски.
На денешниот брифинг кој се одржа во Фудбалската федерација на Македонија, селекторот Гоце Седлоски најави дека ќе има подмладување на репрезентацијата во идниот период.
Тој уште на натпреварите со Лигата на Нации најави повик за играчот на Црвена Звезда, Матеј Гаштаров.
„Ги следам сите играчи. Да, Гаштаров го имам во план да го повикам за следните четири натпревари“, изјави Седлоски.
„Планирам да ја подмладам репрезентацијата. Тоа е мојот план во иднина. Видов што и фали на селекцијата, и барам и гледам играчи за да бидеме на едно повисоко ниво. Играчите се тие, на сите им дадов шанса, но сега е друго ниво. Почнуваме со Швајцарија, и главниот фокус ќе биде таму“, изјави Седлоски.