Селекторот на македонскиот национален тим денеска ќе го објави списокот за последните два натпревари во Лигата на Нации против Шкотска на гости и против Словенија во Скопје.
Не се очекуваат некои поголеми и драстични промени во репрезентацијата на Македонија во однос на имињата за престојните два последни натпревари од Лигата на Нациите од оние кои беа претходно.
Во националниот тим се враќа Имран Фетаи, кој не беше во комбинација за првите три меча поради слаба минутажа. Но, работите се сменија и сега стандарните настапи му донесоа „кам-бек“ на екс дефанзивецот на Шкендија во репрезентацијата.
Од останатите имиња, се очекува и „кам-бек“ на Дарко Чурлинов, кој поради несредена документација во Полска, не можеше да дојде на мечевите со Швајцарија, Шкотска и Словенија во октомври.
Воедно дуелите со Шкотска на гости и со Словенија во Скопје ќе бидат последните два меча на Македонија за 2026 година. Се поизвесно е дека репрезентцијата ќе го заземе последното место во групата 1 во Б сегментот во Лигата на Нациите, и во март ќе игра бараж за опстанок.