Фудбал

Светот има нов првак: Торес е „златниот џокер“ за светска титула на Шпанија!

Светот има нов првак: Торес е „златниот џокер“ за светска титула на Шпанија!

Шпанците по продолженијата стигнаа до победа во големото финале над Аргентина, и дојдоа до втората титула Светски првак.

Шпанија е новиот светски шампион! Втора титула на Шпанците во историјата, благодарение на победата над Аргентина во продолженијата во финалето во Њу Џерси. Сосема заслужено, „Фуријата“ славеше со 1-0, и ја симна круната на Аргентинците, кои не успеаја да го одбранат трофејот.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, и во продолженијата, со исклучок кога постигнаа водечки гол, Аргентинците ја презедоа иницијативата и имаа супер прилика да дојдат до израмнување, но до него не дојдоа.

Шпанија два пати опасно се закани во регуларниот дел преку Јамал, ама голови немаше. Аргентина остана со играч помалку по исклучувањето на Енцо Фернандез. Тоа им даде значителна предност на Шпанците.

Во првото продолжение имаа шанса повторно преку Јамал кога одбрани Мартинез, а потоа постигнаа гол кој беше сомнително поништен.

На Шпанците им требаше паузата, за веднаш после неа да дојдат до победничкиот гол. Нафрлена топка до Нико Вилијамс, кој врати до Феран Торес, а овој од прва го совлада Мартинез и донесе предност.

Џулијано Симеоне имаше шанса за изрманување, ја упати топката над голот, Шпанците се одбранија, ја сочуваа мрежата чиста и стигнаа до големиот трофеј!