Фудбал

Само титула е успех за Португалија, Конго е навикнат на притисок

Само титула е успех за Португалија, Конго е навикнат на притисок

Последна шанса за Кристијано Роналдо да освои мундијалски трофеј, Португалија почнува против незгодниот ДР Конго.

Португалија има нова одлична репрезентација, меѓу главните кандидати е и за титулата на Светското првенство, па автоматски е фаворит во дуелот со ДР Конго. Третото место 1966-та година и полуфиналето во 2006-та не се предизвик, Португалија предводена од Кристијано Роналдо цели на финале и на трофејот. Тој е единствениот што му недостига на Роналдо. Ова за него ќе биде шесто Светско првенство, на 22 меча постигнал осум голови, но сите во фаза по групи.

„ Тргнуваме со силата на милиони Португалци. Имаме многу добра генерација. Верувам дека оваа генерација ќе им донесе многу радост на Португалците. Одиме со големи надежи и важно е да бидеме први во групата“, изјави 41-годишниот Роналдо во пресрет на дуелот со ДР Конго.

Селекторот Роберто Мартинез потенцира дека е многу важно Португалија да почне со триумф. Сите се подоготвени за дуелот со Африканците откако Рубен Дијаш ја санираше повредата. Главниот адут на Португалија ќе биде нападот, просекот на европскиот шампион од 2016-та во овие мундијалски квалификации беше 2.5 голови по натпревар.

И двете репрезентации се во добро форма, па на последните 13 натпревари, Португалците имаа само еден, а Конго два пораза.

Најдобра карактеристика на фудбалерите на Конго е одбраната, па 18 од последните 22 победи остварија без примен погодок. За ДР Конго ова ќе биде второ Светско првенство откако во 1974-та година играше како Заир, ги загуби трите дуели и прими 14 голови. Триумфите во африканскиот плеј – оф против Камерун и Нигерија и во интерконталниот  бараж против Јамајка го потврдуваат квалитетот на ДР Конг. Со исклучок на Симон Банза кој игра во Ал Џазира, сите други фудбалери настапуваат во Европа, тринаесетмина од нив во топ пет лигите.

Поради епидемијата на ебола во земјатата и здравствените ограничувања, фудбалерите на Конго имаа проблеми со подготовките, но останаа здрави сите.

„Се прилагодивме на ситуацијата и не чувствуваме никаков дополнителен притисок. Во Конго сме навикнати да играме напревари под голем притисок“, изјави селекторот Себастјен Дезабр.

Дуелот на стадионот во Хјустон ќе биде прв меѓусебен на Португалија и на ДР Конго од 19 часот со пренос на Арена М1 Премиум.

МОЖНИ СОСТАВИ:

Португалија (4-3-3): Диого Кошта; Жоао Кансело, Рубен Дијаш, Гонсало Инасио, Нуно Мендеш; Бернардо Силва, Витиња, Бруно Фернандеш; Педро Нето, Кристија Роналди, Рафаел Леао.

ДР Конго (4-2-3-1): Лионел Мпаси; Арон Ван – Бисака, Аксел Туанзебе, Шансел Мбемба, Артур Масуаку; Самуел Мутусами, Едо Кајембе; Гаел Какута, Тео Бонгонда, Мешак Елиа; Јоан Виса.