Фудбал

Сабицер со проектил од слободен удар ја реши драмата со Вердер! (ВИДЕО)

Сабицер со проектил од слободен удар ја реши драмата со Вердер! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се пласираше во осминафиналето на Купот на Германија, откако во драматичен натпревар го совлада Вердер Бремен со 3-2.

Домаќините одлично го отворија дуелот и уште во првото полувреме стекнаа предност од два гола. Гираси и Чуквуемека ја затресоа мрежата на гостите за водство од 2-0, резултат со кој двата тима заминаа на паузата.

Сепак, Вердер не се предаде и во второто полувреме успеа да се врати во натпреварот. Фулкруг најпрво намали на 1-2 во 65. минута, а само три минути подоцна повторно погоди за израмнување на 2-2, со што внесе неизвесност во завршницата на дуелот.

Марсел Сабицер блесна во самата завршница, откако постигна прекрасен гол од слободен удар и го постави конечниот резултат од 3-2.