„Очекувањата беа злато, но одиме понатаму. Главна цел се ОИ во Лос Анџелес, и се надевам дека ќе се видиме таму, и ќе одиме по златен медал“, рече Рустемовски.
Македонскиот боксер во категоријата до 60 килограми, Ален Рустемовски го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во италијанскиот град Таранто.
И покрај тоа што имаше приговор од македонската делегација, сепак, на крајот мораше да се задоволи само со бронзениот медал.
Рустемовски вели дека очекувањата биле злато, но дека сега главната цел се Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„Очекувањата дефинитивно беа злато, меѓутоа мораме да се задоволиме со бронза и одиме понатаму. Следната цел е Европско првенство, првото е сениорското во септември и следното до 23 години во ноември. Олимписките игри во Лос Анџелес секако остануваат да бидат главна цел и се надевам ќе се видиме таму. Премногу сум благодарен на големата поддршка и одиме по злато во Лос Анџелес“, рече Рустемовски.