Фудбал

Рој Кин удри по Манчестер Јунајтед: Овој клуб стана циркус!

Рој Кин удри по Манчестер Јунајтед: Овој клуб стана циркус!

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упати остри критики кон својот поранешен клуб, при што кажа дека на „Олд Трафорд“ владее хаос и дека ситуацијата сè повеќе наликува на циркус.

Неговата реакција доаѓа по поразот од Атлетико Мадрид со 0-2 во Лигата на шампионите (ЛШ) и јавните критики на аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез кон клупското раководство.

„Од врвот до дното владее хаос. Сè изгледа неорганизирано, како циркус“, кажа Кин за ситуацијата во Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ минуваат низ тежок период, откако на стартот на сезоната освоија само шест бодови по шест одиграни кола во Премиер лигата.