Кристијано Роналдо официјално објави крај на кариерата во репрезентацијата на Португалија, големата фудбалска ѕвезда со емотивно видео се збогува од националниот тим.
По повеќе од 20 години во кои имаше 234 настапи и 146 голови, Роналдо го „соблече“ дресот на Португалија.
Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а во следните две децении стана вистинска легенда на националниот тим. Најголемиот успех го оствари во 2016 година, кога ја предводеше својата земја до европската титула. Подоцна освои и две изданија на Лигата на нациите, во 2019 и 2025 година.
Во последно време многумина сметаа дека Роналдо треба да се откаже од националниот тим бидејќи веќе не може да игра на потребното ниво. Така сметаше и селекторот Жорге Жезус кој го остави на клупата, потег кој предизвика инцидент.
Откако ја олади главата, самиот Роналдо одлучи дека е дојден крајот. Веројатно во иднина тој ќе заигра на уште еден натпревар кој ќе биде официјален крај на кариерата во репрезентацијата.