Фудбал

Роналдо и Роберто Карлос станaa газди на бразилски клуб, со нив влегува и саудиски принц

Роналдо и Роберто Карлос станaa газди на бразилски клуб, со нив влегува и саудиски принц

Фудбалските легенди се дел од голем инвестициски проект кој предвидува вложување до 76 милиони евра во следните десет години

Две од најголемите имиња во историјата на бразилскиот фудбал, Роналдо Назарио и Роберто Карлос, влегуваат во нов голем бизнис проект. Двете легенди се дел од инвестициска група која ќе преземе 80 проценти од фудбалскиот сектор на Интер од Лимејра, клуб кој моментално се натпреварува во бразилската Серија Ц.

Влезот на новите сопственици беше одобрен на вонредно собрание на клубот, каде што предлогот доби огромна поддршка – 53 гласа „за“ и само еден „против“. Интер од Лимејра ќе ги задржи преостанатите 20 проценти, а следниот чекор е потпишување на договорите и завршување на правните процедури за клубот да биде трансформиран во SAF, односно акционерско друштво за фудбал.

Инвестициската група ја предводи бизнисменот Енрико Амброгини, а покрај Роналдо и Роберто Карлос, во проектот учествува и саудискиот принц Абдула бин Саад бин Абдулазиз Ал Сауд.

Проектот предвидува сериозни финансиски вложувања. Според планот, инвестициите би можеле да достигнат 454 милиони бразилски реали, односно околу 76 милиони евра, во период од десет години.

Сепак, максималната сума ќе зависи од развојот на компанијата и исполнувањето на поставените цели. Гарантирани се најмалку 187 милиони реали, или околу 31 милион евра, кои треба да бидат вложени во период од 15 години.

Само во 2026 и 2027 година се планираат инвестиции од околу 20 милиони реали, а средствата ќе бидат искористени за реорганизација на клубот и намалување на долговите