Двете најголеми ѕвезди кои одбележаа една ера во фудбалот, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, ќе играат заедно, тоа ќе се случи на „Ла Бомобонера“ во Буенос Аирес во декември.
Тоа ќе биде натпревар во чест на Карлос Тевез, кој на свечен начин во Буенос Аирес ќе се прости од фудбалот.
Роналдо му е соиграч на Тевез од времето во Манчестер Јунајтед, а со Меси играат заедно во аргентинската репрезентација. Па и двајцата добија покани.
„Отсекогаш ми беше голема желба да ги видам Кристијано и Лео заедно во ист тим. За мене, тие се двајцата најголеми фудбалери во историјата“, вели популарниот „Ел Апаче“.
„Стапив во контакт со нив, разговарав особено со Кристијано. Му реков, „Кристијано, сакам ти и Лео да заиграте заедно на мојот проштален натпревар. Сакам целиот свет барем еднаш да ја види таа магија на едно место“. Тој ми вети дека ќе дојде. Не беше тешко да го убедам ниту Лео. И двајцата ја прифатија мојата идеја. Едвај го чекам тој момент. Овој натпревар ќе биде навистина емотивен“.