Фудбалскиот свет доби неочекувана вест, откако легендарниот Роналдињо реши повторно да ги облече копачките и да се врати на терените. Бразилецот потпиша договор со италијанскиот третолигаш Равена, повеќе од десет години по крајот на својата професионална кариера.
Некогашниот освојувач на „Златната топка“, кој има 46 години, не го криеше задоволството по официјализирањето на соработката и порача дека повторно сака да ужива во играта која го направи еден од најомилените фудбалери во историјата.
„Едвај чекам повторно да танцувам со топката. Фудбалот секогаш ми носел радост, а возбуден сум што тој дух ќе го донесам и во Равена. Нека започне магијата“, изјави Роналдињо.
Роналдињо последниот професионален натпревар го одигра во дресот на Флуминенсе во 2015 година. Во текот на богатата кариера беше светски шампион со Бразил во 2002 година, ја освои „Златната топка“ во 2005 година, а најголемите клупски успеси ги оствари настапувајќи за Барселона и Милан.