Фудбал

Родри ги навреди Димитриевски и соиграчите, па се извинувал!

Родри ги навреди Димитриевски и соиграчите, па се извинувал!

За време на мечот меѓу Валенсија и Барселона, Родри беше фатен како ги навредува противничките фудбалери, откако тоа излезе на виделина, тој се извинувал.

Родри првпат беше стартер за Барса на мечот со Валенсија, а откако беше изваден од игра, во разговор со Пау Кубарси беше брутален кон противничките играчи.

„Овие момци се многу мрзливи, навистина многу мрзливи. Многу се лоши“ – му рече Родри на својот помлад соиграч без да знае дека камерите на „Ел Диа Деспуес“ го уловија разговорот.

„Ужасни се, навистина ужасни. На која позиција заврши Валенсија минатата година?“ – праша фудбалерот од средниот ред, па додаде: „Еј, тие дури не ја поминаа ни средината на теренот во второто полувреме“.

Откако разговорот беше објавен, Родри веднаш му се јавил на фудбалерот на Валенсија, Хозе Луис Гаја и му се извинил.

Родри им се извинил на Гаја и на играчите на Валенсија и нагласил дека не сака неговите коментари да бидат сфатени како навреди.