Ракометниот клуб Вардар 1961 упати официјален повик до сите свои навивачи за претстојното големо македонско ракометно дерби против Еурофарм Пелистер, кое ќе се одигра в недела на 1 ноември 2026 година.
Во соработка со навивачката група „Комити Запад“, клубот подготвува специјална заедницка кореографија што ќе се протега низ целата сала „Јане Сандански“, со цел да му се даде максимална поддршка на тимот.
За успешна реализација на овој визуелен спектакл, од РК Вардар 1961 апелираат до сите посетители кои ќе ги бодрат „црвено-црните“.
Од РК Вардар препорачуваат сите навивачи да бидат на своите места најдоцна 15 минути пред почетокот на мечот, како и да ги почитуваат упатствата, односно реквизитите и материјалите поставени на столчињата да не се преместуваат ниту да се креваат предвреме, сè додека не се добие знак од координаторите на трибините.
Дербито меѓу РК Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е закажано за в недела (01.11.2026) со почеток од 17:45 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Од клубот информираат дека продажбата на билетите е веќе во тек преку интернет-платформата vtickets.mk, како и во фан-шопот во салата, кој работи секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.