Фудбал

Риера по несреќниот автогол на Гаштаров: Таков гол не може да постигне ниту на тренинг (ВИДЕО)

Риера по несреќниот автогол на Гаштаров: Таков гол не може да постигне ниту на тренинг (ВИДЕО)

Српскиот шампион Црвена Звезда одигра нерешено против Копенхаген (2-2) во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, а на натпреварот несреќен гол си постигна македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров.

Гаштаров во обид да расчисти една топка во казнениот простор на „црвено-белите“ ја испрати во сопствената мрежа, но тренерот Алберт Риера кажа дека такви грешки се случуваат во фудбалот.

„Му кажав на Гаштаров дека ниту на тренинг не може да постигне таков гол, но ете сега се случи такво нешто. Ако ги намалиме грешките, ќе победиме во повеќе натпревари. Гледам многу простор за напредок во мојот тим“, кажа Риера.

Црвена Звезда по два одиграни меча се наоѓа на 22. позиција во лигашката фаза со само еден освоен бод.