Тренерот на „црвено-белите“ истакна дека македонскиот репрезентативец поради покачена температура, ќе го пропушти следниот меч.
Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, нема да биде во комбинација за тимот на Црвена Звезда во дуелот со ОФК Белград во српското првенство. Тренерот на српскиот шампион Алберт Риера ова го исткна пред самиот натпревар.
Гаштаров има покачена телесна температура и поради тоа нема да биде во комбинација. Станува збор за настинка која Македонецот ја „закачил“ веднаш по мечот со Копенхаген во Лигата на Конференции.
„Гаштаров утрово дојде со температура и тој нема да биде во конкуренција за настап“, истакна Риера.
Откако Шпанецот дојде на клупата на Црвена Звезда, Гаштаров е неизоставен дел од екипата на првкот на Србија, и се очекуваше така да биде и на овој натпревар, но болеста беше посилна, па така Гаштаров ќе мора да паузира викендов.