Реклама
Arena Sport
Фудбал

Риера бесен по поразот од Лугано: УЕФА мора да истражи, можеби не нè сакаат во Европа

Риера бесен по поразот од Лугано: УЕФА мора да истражи, можеби не нè сакаат во Европа

Црвена звезда доживеа болен пораз од Лугано во првото коло од Конференциската лига, откако ја испушти предноста во завршницата и загуби со 2-3. По натпреварот, тренерот Алберт Риера не го криеше незадоволството, при што упати критики кон судењето.

Српскиот шампион имаше предност од 2-1 до 84. минута, но Лугано постигна два гола во финишот и ги освои трите бода. Риера смета дека покрај грешките на неговиот тим, внимание заслужува и ситуацијата што претходно предизвикала реакции, па побара реакција од УЕФА.

Реклама
Arena Sport

„Катастрофа. Ќе се обидам да останам смирен, тимот има потреба од мене, но УЕФА мора да истражи што се случи. Можеби не нè сакаат во Европа“, кажа Риера.

Риера потсети и на претходната европска елиминација на Црвена Звезда.

„Ќе барам истрага, треба овие ситуации да бидат истражени. Бевме елиминирани од Лига Европа поради пенал кога голманот падна сам, а сега загубивме поради скандалозен пенал“, вели стратегот на српскиот клуб.

На натпреварот настапи и македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, кој запиша асистенција.

Реклама
Arena Sport