Други спортови

Рељиќ запрена во четвртфиналето на Медитеранските игри

Рељиќ запрена во четвртфиналето на Медитеранските игри

Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Таранто и остана без можност да се бори за медал.

Рељиќ, која настапува во категоријата до 57 килограми, претходно утринава оствари победа во осминафиналето и со оптимизам го дочека четвртфиналниот дуел.

Сепак, во борбата за пласман меѓу најдобрите четири, македонската претставничка беше поразена од Тунижанката Шаима Тоуми со убедливи 2:0.

Со овој пораз, Рељиќ ги завршува настапите на Медитеранските игри без пласман во борбите за медал.

Претходно денеска настапот на Медитеранските игри го заврши и Христијан Симоновски, кој беше елиминиран во осминафиналето.