Марк Кукуреља ги одигра последните 20 минути од натпреварот на Бернабеу меѓу Реал Мадрид и Лајпциг, а во тој период секој негов допир со топката беше исвиркуван од дел од публиката.
На почетокот се чинеше дека реакцијата на публиката нема смисла, бидејќи Кукуреља важи за миленик на навивачите.
Но, „Марка“ открива дека свирежите доаѓаат од германски навивачи, Кукуреља имал конфликт со Германците уште од Европското првенство во 2024 година, а тие не го заборавиле тоа. Тогаш шпанскиот бек играше со рака во шеснаесетникот, ниту судијата, ниту ВАР не се огласија.
Безбедносниот план на Реал предвидувал пристигнување на околу 2.000 германски навивачи, кои требало да бидат сместени во посебен сектор на врвот од северната трибина. Меѓутоа, стотици гостински навивачи ја искористиле препродажбата и другите канали за купување билети, па се распоредиле низ целиот стадион, меѓу домашните гледачи. Поради нивната распределеност, се создал впечаток дека свирежите доаѓаат од сите страни, а не само од изолиран дел од трибините.
😮💨 Los aficionados alemanes del RB Leipzig pitaron a Cucurella, 𝐫𝐞𝐜𝐨𝐫𝐝𝐚𝐧𝐝𝐨 𝐬𝐮 𝐦𝐚𝐧𝐨 𝐚𝐧𝐭𝐞 𝐀𝐥𝐞𝐦𝐚𝐧𝐢𝐚 en las semifinales de la Eurocopa 2024. #UCL #LaCasaDelFútbol https://t.co/DGNazZeVeU
— Movistar Plus Deportes (@MPlusDeportes) October 21, 2026