Белгија ќе биде ослабена во четвртфиналето на Светското првенство, откако стана јасно дека Зено Дебаст нема да настапи против Шпанија.
Дефанзивецот отпатува на Мундијалот со повреда, поради која досега не доби шанса да заигра. Иако лекарите на белгиската репрезентација сметаат дека неговата состојба дозволува настап, Спортинг не се согласи со таквата проценка и му забрани да биде во конкуренција.
„Зено Дебаст нема да биде на располагање за четвртфиналето. Неговиот клуб, Спортинг, го извести играчот дека не го смета за медицински способен за играње натпревари“, соопшти Белгиската фудбалска федерација.
Според американските медиуми, претставници на федерацијата и Спортинг разговарале за состојбата на фудбалерот, но не успеале да постигнат договор. Така, селекторот на Белгија ќе мора да бара друго решение во одбраната за еден од најважните натпревари на турнирот.