Фудбал

Рекорд за Барселона: Никогаш претходно не заработила повеќе од „Ел Класико“

Рекорд за Барселона: Никогаш претходно не заработила повеќе од „Ел Класико“

Иако доживеа пораз (1:2) од својот најголем ривал Реал Мадрид, Барселона може да биде задоволна од заработката од „Ел Класико“.

Барселона од продажбата на билети за „Ел Класико“ инкасирала нешто над 19 милиони евра. Ова е рекордна заработка од продажба на билети за еден натпревар. Досега најголемата заработка за каталонскиот гигант изнесувала околу 16 милиониевра евра, што значи дека рекордот поставен на 10 мај е соборен, а приходите се зголемиле за дури 16 проценти.

Повисоките цени на билетите, заедно со проширувањето на капацитетот на ВИП-местата на второто ниво од стадионот, значително ја зголемиле заработката од најголемиот фудбалски натпревар во Шпанија.

Особено е интересен податокот дека профитот на продавницата на стадионот изнесувал 800.000 евра на денот на натпреварот, благодарение на продажбата на дресови и клупски сувенири.