Телевизија

Рекорден викенд на Арена Спорт Македонија – 28 преноси во два дена!

Рекорден викенд на Арена Спорт Македонија – 28 преноси во два дена!

Арена Спорт Македонија влезе во својот трет месец од постоењето, престојниот викенд ќе биде најбогатиот досега, во текот на сабота и недела ќе бидат пренесувани вкупно 28 натпревари во живо.

Понудата на Арена Спорт Македонија станува се побогата и попривлечна, почнуваат најголемите фудбалски првенства. Овој викенд се отвора новата сезона во Ла Лига.

Во изминатиот период се соочивме со одредени технички предизвици кои се нормални „детски болести“ и за почетна фаза на еден ваков обемен проект. Вложивме максимални напори проблемите да бидат надминати и искрено веруваме дека истите се зад нас.

Нашиот фокус останува да им овозможиме беспрекорно спортско уживање на гледачите на македонски јазик.

Рекордниот викенд на Арена Спорт Македонија ќе изгледа вака:

Сабота

Арена М1 Премиум

13:30 Нотс Каунти – Лестер
16:00 Силекс – Скопје
18:00 Касимпаша – Трабзонспор
02:15 Платенсе – Бока Јуниорс

Арена М2 Премиум

13:00 Херта – Хајденхајм
15:15 ЦСКА – Факел
17:30 Ростов – Рубин
19:30 Алавез – Хетафе
21:30 Севиља – Рајо Ваљекано

Арена М3 Премиум

13:00 Гројтер Фурт – Нирнберг
16:30 Тиквеш – Шкендија (А)
18:30 Шефилд Јунајтед – Бирмингем
21:30 Флуминенсе – Палмеирас
23:30 Атлетико П. – Брагантино

Недела

Арена М1 Премиум

13:30 Зенит – Динамо
16:00 Арсенал – Манчестер Сити
19:00 Шкендија – Брегалница
21:00 Партизан – Раднички 1923
23:00 Ривер Плејт – Аргентинос

Арена М2 Премиум

14:30 Вотфорд – Саутемптон
17:00 Расинг – Виљареал
19:00 Еспањол – Леванте
21:30 Селта – Осасуна
23:30 Мирасол – Фламенго

Арена М3 Премиум

14:30 Феенорд – Го Ахед Иглс
16:30 Струга ТЛ – Вардар
19:00 Џирона – Леганес
00:30 Коринтијанс – Крузеиро