Фудбал

Резултатите се поклопија, БиХ има место во нокаут фазата на СП!

Резултатите се поклопија, БиХ има место во нокаут фазата на СП!

Босна и Херцеговина синоќа го победи Катар со 3-1 и го освои третото место во групата, но чекаше и други резултати за официјално да го завери местото во следната рунда.

По победата на Бразил над Шкотска и триумфот на Мексико над Чешка, веќе нема дилеми дека Босна и Херцеговина ќе биде една од осумте најдобри третопласирани селекции кои ќе одат во елиминациската фаза.

Останува да се види само на кое место ќе биде рангирана на табелата за третопласирани и со кој ќе игра во следната рунда.