Реклама
Arena Sport
Фудбал

Резервистите на ПСЖ го урнаа Лион во француското дерби (ВИДЕО)

Резервистите на ПСЖ го урнаа Лион во француското дерби (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен дојде до нова победа во францускиот фудбал, а ктуелниот шампион го совлада Лион со 2-0 во дербито од осмото коло во Лига 1, стигнувајќи до осмата победа по ред во сите натпреварувања и привремено преземајќи го врвот на табелата.

Средбата, која беше одложена поради немирите во француската престолнина во изминатите денови, не донесе многу возбудувања во првиот дел. ПСЖ не блескаше, но во продолжението успеа да го пронајде патот до победата, благодарение на играчите кои влегоа од клупата.

Мика Годс во 72. минута го отвори резултатот, а Сени Мајулу дванаесет минути подоцна го потврди триумфот на гостите. Резервистите се покажаа како клучен фактор во дербито, носејќи му на ПСЖ три важни бода и продолжување на импресивната победничка серија.

Реклама
Arena Sport