Доминацијата во финалето, Шпанците, конечно, ја крунисаа со гол во 106 минута од средбата преку „џокерот“ Торес.
После неколкуте шанси кои ги имаа во регуларниот дел, потоа и сомнително поништен гол во првото продолжение, конечно, Шпанија поведе во 106 минута од средбата.
Одлична „тика-така“ акција на Шпанција, и предност која ја носи Феран Торес. Торес погоди во горниот агол од голот на Мартинез, кој беше одличен и ја чуваше Аргентина до тој момент, но не можеше да го одбрани ударот на Торес.
Проблематично е што Аргентинците имаат играч помалку, по исклучувањето на Енцо Фернандез во судиското надополнување.
Голот на Феран Торес погледнете го на следниот ЛИНК.