Шпанскиот гигант Реал Мадрид е пред продолжување на соработката со Џуд Белингем, откако клубот и англискиот репрезентативец, според информациите на „АС“, постигнале договор за нов договор до јуни 2031 година.
Белингем пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2023 година од Борусија Дортмунд, а неговиот актуелен договор важеше до 2029 година. Сепак со новиот договор, Реал би го „врзал“ за клубот уште две дополнителни сезони.
Покрај продолжувањето на соработката, англискиот фудбалер треба да добие и зголемување на платата, поради одличните настапи во „кралскиот“ дрес.
Белингем се наметна како важен дел од екипата по пристигнувањето од Германија, а клубот смета на него и во следните години.