Фудбал

Реал Мадрид го казнуваше Интер за промашувањата и победи – и Сити и Дортмунд тргнаа триумфално

Реал Мадрид го казнуваше Интер за промашувањата и победи – и Сити и Дортмунд тргнаа триумфално

„Кралевите“ успеаја да дојдат до победа во меч со многу шанси на двете страни, Ерлинг Халанд е херојот на Сити во Порто.

Интер имаше повеќе шанси и повеќе од играта, но на крајот Реал Мадрид славеше. „Кралевите“ ги искористија своите шанси во првиот дел, и дојдоа до првата победа во Лигата на шампионите.

„Нероазурите“ имаа поголем посед на топката, две зрели шанси на почетокот, а потоа во 14. минута голема грешка на Бисак, која ја користи Мбапе за предност на Реал.

Интер никако не успеваше да се соземе, а следуваше и огромната грешка на голманот Мартинез, и реализација на Валверде за 2:0.

Во вториот дел обратна слика. Реал Мадрид нападна за трет гол, имаше „зицер“ преку Белингем, а потоа и Мбапе, но не успеа, па Интер казни. Карлос Аугусто во 77. минута намали, за драма во финишот.

Борусија Дортмунд отвори со триумф откако на домашен терен го совлада Виљареал со 3:2. Сите голови паднаа во вториот дел, откако во првото полувреме беше многу здодевно, без шанси и без желба. Сепак, во второто полувреме се сменија работите.

Веига си постигна автогол и Борусија поведе. Следуваше израмнувачкиот гол на Мурињо. Виљареал имаше шанси за пресврт, но не успеа, а потоа Гираси стапи на сцена со два гола. Виљареал само успеа да намали со автоголот на Гираси.

Манчестер Сити на крилата на Ерлинг Халанд славеше на гостувњето кај Порто со 0:2, додека Бетис со 3:2 го совлада тимот на Лил како гостин.