Ракомет

Ројевиќ не мрда од Охрид до 2029 година – тренерот потпиша нов договор! (ВИДЕО)

Ројевиќ не мрда од Охрид до 2029 година – тренерот потпиша нов договор! (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Охрид потврди дека ја продолжиле соработката со тренерот Борис Ројевиќ до летото 2029 година.

Стратегот на Охриѓани им донесе европски трофеј, тие се презадоволни од неговата работа, па се договорија за нов договор.

Во Охрид потенцираат дека една од идните цели ќе биде напад на шампионската титула во Македонија.

„Го сакам ова место, тука навистина се чувствувам како дома. Направивме големи работи во првата сезона, на езерото донесовме европски пехар, и можеме уште“, изјави Ројевиќ.