Фудбал

Рашфорд се враќа во Манчестер Јунајтед, клаузулата од 47 милиони веќе не важи

Рашфорд се враќа во Манчестер Јунајтед, клаузулата од 47 милиони веќе не важи

Англискиот репрезентативец после Мундијалот ќе се врати на „Олд Трафорд“, а дали ќе биде продаден зависи смао од Манчестер Јунајтед.

Крилниот напаѓач на англиската репрезентација по завршувањето на Мундијалот ќе се врати во Манчестер Јунајтед. Но, тоа не мора да значи дека ќе остане на „Олд Трафорд“ следната сезона, со оглед дека Манчестер има намера да го продаде.

Тој играше како позајмен во Барселона минатата сезона, а каталонскиот клуб се одлучи да не ја активира клаузулата за негов откуп, по што тој се враќа во Манчестер.

Клаузулата од 47 милиони евра во меѓувреме истече, што значи дека за секој евентуален трансфер на 28-годишникот ќе мора да се разговара со челниците на Манчестер Јунајтед. Каталонскиот клуб имаше можност да го откупи за 30 милиони евра, но не го стори тоа, и наместо тоа се реши да го ангажира Карим Адејеми од Борусија Дортмунд за околу 20 милиони евра.

Според моменталниот план, англискиот репрезентативец ќе се придружи на тренинзите заедно со своите соиграчи кои со своите национални тимови стигнаа до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Договорот на Рашфорд со Манчестер Јунајтед е со важност до летото 2028 година, а клубот ќе ги разгледа сите понуди што ќе пристигнат во текот на преодниот рок. Поранешна клаузула не можеа да ја активираат двата најголеми ривали на Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул.